Груевски: Растот на индустриското производство добра вест, остануваме посветени на поддршката

Регистрираниот раст на индустриското производство во првите два месеца од годинава, според премиерот Никола Груевски, е добар сигнал и очекува да продолжи и во наредните месеци.

- Февруари е втор месец како индустриското производство почна да расте. Се надевам дека тоа ќе прерасне во тренд и тоа е добар сигнал. Одредени работи што Владата претходно ги направи во економијата почнаа да даваат резултат и мене ме радува тоа, иако се уште во ЕУ, особено во европската монетарна зона ситуацијата е стегната на некој начин и се уште има одредена неизвесност, низок раст или пад на БДП,  а ние сме во голема мера зависни од таа економија и затоа се уште со воздражност би кажал, но ме радува фактот што два месеца по ред има раст на индустриското производство, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Лабораторија на Факултетот за драмски уметности.

Тој очекува и се надева дека тоа ќе продолжи и во наредните месеци и оти доколку продолжи и во наредните два тогаш би можело да се каже дека тој пораст прераснува во тренд.