Пред Владата извршена церемонијална промена на државните знамиња
Гардиската единица на Армијата на Република Македонија, во присуство на вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, ученици од средни училишта од Градот Скопје и јавни личности од општествениот живот во државата, денеска извршија церемонијална промена на државните знамиња на платото пред македонската Влада.
Во тек на настанот беше изведена манифестациска содржина од страна на гардиската единица, а свечениот чин беше проследен од воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државните знамиња е со цел за подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.