Промовирана електронската интернет база Евровок
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Стефано Лаѕарото денеска ја промовираа електронската интернет база Евровок.
Евровок на ЕУ е повеќејазичен, мултидисциплинарен речник, чии корисници се Европскиот парламент, Канцеларијата за публикации на ЕУ, националните и регионалните парламенти во Европа, како и националните влади и приватните корисници.
- Наша цел е да се обезбеди ефективна и ефикасна координација на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и подобрување на перформансите во агендата за интеграција во ЕУ, рече во обраќањето вицепремиерот Бесими и додаде оти Евровок е конкретен чекор кон интеграција бидејќи претставува важна алатка во индексирање на европското законодавство и други правни текстови.
Амбасадорот Лаѕарото посочувајќи дека се продлабочува соработката меѓу Република Македонија и Швајцарија, нагласи дека Евровок ќе овозможи корисниците да вршат меѓу другото пребарување и симнување податоци и информации поврзани со ЕУ и кандидатурата на земјава за членство.
- Успеавте да и помогнете на република Македонија да направи уште еден чекор напред кон полноправно членство во ЕУ, истакна швајцарскиот Амбасадор, упатувајќи благодарност до сите кои учествувале и соработувале во изработката на Евровок.
За практичната примена на поимникот Евровок, говореше Кристин Лабуди-Споиден, ЕУ експерт од Службата за публикации на ЕУ, Луксембург, која меѓу дургото информира дека Евровок е база на податоци што ги содржи сите официјални документи кои се објавуваат во службениот весник на ЕУ.
Преводот на Евровок тезаурус на македонскит јазик и веб платформата www.EuroVoc.mk се создадени во партнерство помеѓу Секретаријатот за европски прашања, Владтаа на Република македонија и Националниот демократски институт за меѓународни работи, со финансиска поддршка на Швајцарскатѕа агенција за развој и соработка. Преведените термини во Евровок на македонски јазик ќе се додадат на останатите 22 официјални јазици на ЕУ, како и на храватскиот, српскиот и албанскиот јазик.