Груевски - Заев: Средбата позитивен исчекор во политичкиот дијалог
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев.
Двајцата соговорници констатираа дека оваа средба претставува позитивен исчекор во политичкиот дијалог.
Соговорниците се договорија во следните денови да продолжи поинтензивна комуникација по однос на прашањата поврзани со обврските од мартовскиот договор, а во контекст на европските интеграции на нашата држава за кои двајцата соговорници изразија целосна посветеност.
Груевски и Заев, исто така, изразија подготвеност и волја за остварување на комуникација по однос на прашањата од државен и национален интерес.