Средба на премиерот Никола Груевски со Жан Клод Мињон
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 11.06.2013 година) оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-дин Жан Клод Мињон. На средбата присуствуваше и г-дин Роберт Валтер, известител на ПС на СЕ за нашата земја.
На средбата беше разговарано за реформите кои се спроведуваат во Република Македонија, соработката помеѓу нашата земја и Парламентарното собрание на Советот на Европа и европската и евроатланската интеграција на Република Македонија, при што беше истакната досегашната позитивна соработка помеѓу двете страни.
Премиерот Груевски ја потенцираше реформската агенда, истакна дека Република Македонија активно партиципира и е посветена на исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа и се осврна на активната соработка на нашата земја со меѓународните организации и нивните тела на полето на реформите.
Претседателот Мињон ја истакна поддршката која Советот на Европа ја дава на нашата земја и го истакна интересот за продолжување и унапредување на партнерските односи и дијалогот во заеднички интерес.
Беше разговарано и за Извештајот на ПС на Советот на Европа, за реформите кои се спроведуваат и за постигнатиот напредок во повеќе сфери, како и за мерките и активностите кои се преземаат за надминување на детектирани предизвици во насока на нивно надминување и достигнување на европските стандарди.
На средбата стана збор и за европските и евроатлански интеграции на нашата земја, за реализацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија и преземените обврски, како и за поедини аспекти кои имаат влијание на реализацијата на нашата европска и евроатланска агенда.
Соговорниците афирмираа дека и во идниот период низ процес на заедничка соработка и реализација на проекти ќе се работи на унапредување на процесите и стандардите и ќе продолжи меѓусебната комуникација и активизмот во заеднички интерес.