Премиерот Никола Груевски и владин тим во посета на Естонија

Во рамките на посетата, премиерот Груевски ќе оствари средба со премиерот на Естонија Андрус Ансип.

Владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во главниот град на Естонија, Талин на кој ќе бидат претставени поволностите кои Македонија им ги овозможува на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис во нашата земја со цел зголемување на можностите за економската и трговската размена и соработка во полето на инвестициите.

Во состав на делегацијата се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.