МОН: Информација за двете пријавувања во првиот уписен рок во јавните средни училишта

Информација за двете пријавувања во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2013/2014 година.

Во Република Македонија во учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија вкупно 22.900 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број на слободни места, вкупно 34.971 ученички места, во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

Второто пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2013/2014 година беше на 1 и 2 јули 2013 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 4 јули 2013 година.

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места по првиот уписен рок, од јавните средни училишта во Република Македонија добиени се следниве податоци :

• Уписот е завршен за гимназиско образование во:
 СУГС- Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин” – Скопје,
 СУГС Гимназија „Никола Карев“- – Скопје,
 СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје,-
 СУГС „Георги- Димитров“ – Скопје
 СУГС „ЗЕф Љуш Марку“ - Скопје.-
• Уписот е завршен за здравствена струка во:
- СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје,
- СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во паралелките на албански наставен јазик,
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга во паралелките на македонски наставен јазик и
- СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица.
• Уписот е завршен за економско, правна и трговска струка во:
- СУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје за образовниот профил правен техничар (слободни места има само за економски техничар).
- СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје во паралелките на албански наставен јазик.
• Уписот е завршен за спортска гимназија  во:
- ДУФК „Методија Митевски Брицо“ - Скопје

Во првиот уписен рок во второто пријавување вкупно се пријавија       6 499  ученици од кои:
• 3 475  ученици за настава на македонски наставен јазик,
• 2 811 ученик за настава на албански наставен јазик,
• 198 ученици за настава на турски наставен јазик,
• 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
• 15 повторувачи.

Во првиот уписен рок во двете пријавувања вкупно се запишаа        16. 999  ученици од кои:
• 11.963  ученици за настава на македонски наставен јазик,
• 4 698 ученици за настава на албански наставен јазик,
• 205  ученици за настава на турски наставен јазик
• 1 ученик за настава на српски наставен јазик и
• 132 повторувачи.


Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 17 794  ученици од кои:
• 11.430 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
• 5.556  слободни места за настава на албански наставен јазик,
• 747  слободни места за настава на турски наставен јазик,
• 33  слободни места на српски наставен јазик и
• 28 слободни места за повторувачи.


СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Запишани се вкупно:

• 7.173 ученици во гимназиско образование од кои:
 4.770Ø ученици на македонски наставен јазик,
 2.253 ученици на албански наставенØ јазик,
 117 ученици на турски наставен јазик,Ø
  1 ученик на српскиØ наставен јазик и
 32 повторувачиØ

• 9.394 ученици во стручно образование од кои:
 6.830Ø ученици на македонски наставен јазик,
 2.376 ученици на албански наставенØ јазик
 88 ученици на турски наставен јазик иØ
 100 повторувачи.Ø

• 251 ученик во уметничко образование од кои:
 216 ученициØ на македонски наставен јазик и
 35 ученици на албански наставен јазик.Ø

• 181 ученик во спортска гимназија од кои:
 147 ученици наØ македонски наставен јазик и
 34 ученици на албански наставен јазик.Ø

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има:

• во гимназиско образование за 4.794 слободни места од кои:
 2.994 за ученици на македонски наставен јазик,Ø
 1.476 за ученициØ на албански наставен јазик,
 291 за ученици на турски наставен јазикØ и
 33 за ученици на српски наставен јазик.Ø

• во стручно образование за 12.826 слободни места од кои:
 8.329 за ученици на македонски наставен јазик,Ø
 4.013 за ученициØ на албански наставен јазик,
 456 за ученици на турски наставен јазикØ и
 28 за повторувачи.Ø

• во уметничко образование за 157 слободни места од кои:
 90 за ученици на македонски наставен јазик иØ
 67 за ученици наØ албански наставен јазик.

• во спортска гимназија има 17 слободни места за ученици на македонски наставен јазик.

Слободни места за запишување на ученици за вториот уписен рок има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 22 август 2013 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 23 август 2013 година.