На државната матура подобри резултати од лани

Просечната оценка што ја постигнаа матурантите при полагање државна матура годинава е 3,18 и е повисока од минатогодишната што изнесуваше 3,09, покажуваат прелиминарните резултати, што ги презентира денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Кај повеќето предмети, посочи, има подобрување во постигањето споредено со минатите години, што било показател за подобрување на основните знаења и адаптирање на стандардите на државната матура.

- Генерално државаната матура оваа година покажа подобри резултати од претходните, но исто така фер е да се констатира  оти процесот на полагање веќе преоѓа во еден вид пракса прифатена и од матураните и од Државниот испитен центар и Бирото за развој на образование, кои веќе го имаат методолошки усвоено  целокупниот процес. Во тој дел речиси немаше никави проблеми, туку напротив годинава имавме зголемена ефикасност, нагласи Ристовски.

Според него, Државниот испитен центар еден час пред полагањето ги  доставил испитните материјали до училиштата, со што практично се избегнала можноста за пробивање на тестовите, и за организирање препишувања како во минатато.

Прелеминарните резултати веќе се дистрибуираат до училиштата и во електронска форма ќе бидат достапни утре, а задутре и на огласните табли.

Постигањата за македонски јазик и летература, според прелиминарните резултати, се со просечна оценка 3,44, и се повисоки во однос на минатата година, кога просекот беше 3,32. За математика - основно ниво  се постигнати најдобри резулати досега, со просечна оценка  3,38. Лани просечната оценка изнесуваше 3,02, а 2,94 во 2011. Сепак, според Ристовски, останува загрижувачки податокот, што се уште е мал бројот на кандидати кои го одбираат тој предмет. Годинава математиката била избор на 2.142 кандидати, за разлика од 2008 година кога имаше 5.492 кандидати.

- Потребна е дополнителна анализа за причините кои доведуваат до ваква појава, односно дали неизбирањето на математиката како предмет со должи на тоа што е тешка наставна  програма за учениците, или пак, причина се флексибилните барања на универзитетите, наведе министерот за образование.

Намалување на бројот на кандидати има и кај математика - напредно ниво. Годинава се  пријавиле само 12 кандидати, со постигана просечна оценка  3,83.

За полагање англиски јазик како изборен предмет се одлучиле најголем дел од учениците. И оваа година има пораст на бројот на кандидати, за 200 повеќе во однос на лани,  односно вкупно 15.851. Од нив, 11,6 проценти не го положиле испитот, а 7,6 имаат одлична оценка.

Подобрување во однос на лани има и кај учениците кои полагале албански јазик и литература. Нивната просечна оценка годинава е 3,33, а во 2012 изнесувала 2,97. Просечна оценка  3,52 е резултатот на учениците кои полагаа турски јазики и литература. По предметот француски јазик е постигната просечна оцекна 2,72, германски јазик 3,97, руски јазик 3,53, естетика 3,71, филозофија 3,33.

Одделно по училишта најдобри резултати годинава постигна битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, а по  неа се скопските  „Раде Јовчевски Корчагин“ и Орце Николов, охридската гимназија „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Димитров“ Скопје. Матурнатите што нема да поднесат приговор на резултатите ќе можат да ги сметаат за конечни прелиминарните.

Министерот за обрзоавние укажа дека и годинава се констатирани обиди за препишување, што биле санкционирани со одземање бодови или со целосно отстранување од испитот. - Според тоа непочитувањето на правилата е неисплатливо и приговорите поднесени од оние ученици за кои постои доказ дека препишувале, нема да бидат земени предвид, нагласи Ристовски.

Матурантите кои не положиле во јунскиот испитен рок, ќе можат повторно да се  пријават за полагање во август, односно на 13 август за мајчини јазици и 15 август за странски јазици, математика, филозофија и естетика.

На кандидатите кои сметаат дека не се подготвени доволно да одговорат на предизвикот државна матура, им се препорачува да се пријават за полагање училишна матура или завршен испит, затоа што, како што рече Ристовски, доколку не положат и во августовската испитна сесија, ќе останат без сертификат за завршено средно образование до наредниот, јунски рок.

Полагањето на задолжителните предмети од испитот државна матура, односно тестирањето по мајчин јазик и литература матурантите се одржа на 8 јуни, додека полагањето по изборниот предмет - странски јазик или математика, односно естетика или филозофија, на 11 јуни.