Пуштен во употреба локален пат кон село Калуѓерец, Македонски Брод

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска присутвуваше на свеченото пуштање во употреба на новиот локален пат за село Калуѓерец, општина Македонски Брод. Делницата од околу еден и пол километар е дел од патниот правец кон селото и од инвестицијата за изградба на локална патна мрежа во Општината со пари од Европската банка за обнова и развој.

- Во оваа делница се инвестирани околу 120.000 евра и е прва фаза од делницата. Има уште еден километар но потешка за изградба делница. Ние како Влада мораме да инвестираме во развој на малите населени места, на локалната патна мрежа. Тие се во функција на рамномерен регионален развој на локалниот туризам и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, рече Пешевски.

Владата работи и со дел од инвеститори за овој крај. - Веќе во фабриката во Самоков се вработуваат дел луѓе. Имаме и други проекти во делот на развојот на селскиот туризам. Веќе се зголемуваат средствата од ИПАРД програмата кои може да се користат, изјави Пешевски.

Овој локален пат во општината Македонски Брод  и оној што веќе е направен до селото Лупиште и идните зафати за инфраструктура до селата Долно Крушје, Требовље и Зркле се дел од инвестицијата за локалната инфраструктура од околу еден милион и двесте илјади евра, пари од Европската банка за обнова и развој и од Светска банка преку Владата.

Според градоначалникот на општина Македонски Брод Милосим Војнески посветени се да се реализираат ветените проекти. Овој пат до селото  Калиѓерец е битен зашто за 30 -ината жители во зима беше невозможно да се стигне.

Од локалната самоуправа информираат дека е голем интересот за купување локации за викенд куѓи. Досега се издадени 150 локации за викенд куќи, од кои 80 во  околината на селото Здуње каде се купени и две локации за хотели, а 70-ина локалции за викенд куќички се издадени во околината на селото Белица.