Дрекслермаер ќе стипендира 15 студенти од техничките факултети

Петнаесет студенти со завршен прв семествар од техничките факултети ќе добијат стипендија од компанијата Дрекслермаер Македонија. Меморандумот за соработка, претставници на компанијата во Македонија, МОН и Универзитетот го потпишаа денеска, а дополнително ќе биде објавен конкурсот со критериумите за доделување на стипендиите.

Одлуката на Дрекслермаер Македонија за стипендирање студенти, според министерот за образование и наука Спиро Ристовски, е вистински придонес кон развој на образоваието да продуцира кадри според потребите на пазарот на работна сила.

- Првпат една странска компанија се одлучува и обврзува да стипендира студенти, рече  Ристовски и додаде дека овој пример треба да го следат и другите и странски и домашни компании во Македонија.

Според минитерот за странски инвестиции Веле Самак, ова е еден од индиректите ефекти од привлекувањето странски инвестиции.

- Една од директните придобивки од влезот на странски инвестиции е отворањето нови работни места. Дрекслермаер веќе има вработено 1000, а планира во наредните година и пол да достигне до целосната планирана бројка од 4.000, рече Самак, додавајќи дека со оваа помош на Универзитетот веќе се гледаат индиректните влијанија од странските инвеститори.

Тој додаде дека Универзитетот со ова добива странска помош, а студентите ќе имаат можност директно да обезбедат работа не само во Дрекслермаер, туку и во други компании од автомобилската индустрија.

Меморандумот за соработка со потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претставникот Дракслермаер Македонија, Ѓорѓи Тренкоски.