Проект “Учиме од бизнис заедницата”- четврт циклус

Почитувани,

Унапредувањето на деловната клима и бизнис опкружувањето преку одржување на континуиран дијалог со бизнис заедницата е приоритет на Владата на Република Македонија. Оттаму, во изминатите години успешно се спроведени и се реализираат низа на активности, мерки и проекти, меѓу кои и проектот “Учиме од бизнис заедницата”.

 

Реализацијата на овој проект кој започна во 2010 година, под називот „Посета на 150 компании“, овозможува преку директна комуникација непосредно да се осознаат нови предлози и предизвици со кои се соочуваат приватниот сектор, бизнис заедницата, компаниите и здруженијата на компании при своето работењето. Континуираното спроведување на проектот последователно во три циклуси овозможи до сега повеќе од 400 компании да ги изнесат своите барања и иницијативи.

 

Свесни за обостраните придобивки од спроведувањето на овој проект, и за Владата на Република Македонија и за бизнис заедницата, оваа година, го започнуваме четвртиот циклус на посети на компании преку проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Во овој циклус на посети предвидено е да се посетат нови 150 компании, но доколку заинтересираноста ја надминува оваа бројка истата ќе биде зголемена.

 

Во таа насока, доколку имате потреба да ги искажете проблемите со кои се соочувате, имате иницијатива која сакате да ја предложите и сте заинтересирани Вашата компанија да биде посетена од страна на стручен владин тим, со цел надминување на Вашите проблеми со кои се соочувате при секојдневното работење, потребно е да го искажете Вашиот интерес преку пополнување на соодветен Образец за пријавување.

 

Образецот за пријавување може да го преземете тука.

 

Пополнетиот образец потребно е да го доставите на следната е- маил адреса viceprimeminister@gs.gov.mk, најдоцна до 05.10.2013г. (петок).

 

Учиме од Вашите предлози, идеи и иницијативи.

 

Ви благодариме на соработката.

 

Со почит,

 

Кабинет на Заменик претседател задолжен за економски прашања.