Премиерот Никола Груевски во официјална посета на Република Хрватска

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник 17.09.2013 година), ќе оствари еднодневна официјална посета на Загреб, Република Хрватска, при што ќе реализира повеќе билатерални средби со хрватскиот државен врв.

За време на престојот претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, г-дин Зоран Миловановиќ. По средбата е предвидена заедничка изјава за медиумите.

Премиерот Груевски ќе се сретне и со претседателот на Собранието, г-дин Јосип Леко, како и со претседателот на Република Хрватска, г-дин Иво Јосиповиќ.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе оствари средба и со претставници на македонската заедница во Република Хрватска.