Премиерот Груевски очекува петта препорака за преговори со ЕУ

Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за членство во НАТО и за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Заради тоа четири години по ред добиваме позитивен извештај, а јас верувам дека и следниот извештај правилно ќе ги валоризира сите наши напори за напредок на земјата.

Ова го нагласи премиерот Никола Груевски, денеска во обраќањето пред бизнис заедницата, и потенцира дека сепак проблемот кој го создаде Грција и кој се повеќе го продлабочува, не лишува од предностите кои ги даваат членството во ЕУ и НАТО.

- Последниот нивни став околу предлогот на медијаторот мислам дека јасно отсликува со каков предизвик се соочуваме. Како и да е, ние ќе продолжиме со сите сили да бараме излезно решение. Но, додека тоа го правиме нема да запреме со модернизација на земјата, нема да запреме со нови реформи, идеи и создавање на дела. Градењето добри односи со сите соседи ќе остане во фокусот на нашите напори, рече премиерот Груевски.