Во Македонија не е дозволен увоз на ГМО добиточна храна

Во врска со дебатата кој се отвори во јавноста околу увозот на ГМО добиточна храна, со цел избегнување на нејаснотии и непрецизности во врска со темата, сакаме да го потенцираме следново:

Владата на Република Македонија нема донесено, ниту премиерот Груевски има потпишано правилник или одлука со која се овозможува увоз на ГМО добиточна храна. Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни.

Истовремено, информираме дека на последната седница, Владата донесе заклучок да се пристапи и предложи измена и дополнување на соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија.