Избрани се најдобро рангираните кандидати

Во врска со информациите кои се објавени во дел од медиумите, а се однесуваат на начинот на избор на кандидатите од огласот за 1600 вработувања и неточните и невистинити тврдењата дека селекцијата наводно била извршена по случаен пат или по пат на лотарија, би сакале да го потенцираме следново:

Апликантите кои беа најдобро рангирани и посочени од компјутерскиот софтвер не се избрани по пат  на лотарија или среќа, туку се рангирани според вкупниот број на добиени бодови кои се пресметани врз основа на поднесените податоци од нивна страна и врз основа на претходно утврдени и јавно објавени критериуми. Повторуваме, во целиот процес не постоеше никаков субјективен критериум во процесот на избор ниту пак некаква лотарија, туку рангирање на кандидати врз основа на бодирање по повеќе параметри и тоа од страна на компјутерски софтвер во кој беа внесени сите податоци.

Избраните 1600 кандидати кои ќе бидат вработени се оние лица кои ги исполнуваат условите од огласот и имаат добиено највеќе бодови врз основа на приложени податоци и согласно тоа се подобро рангирани во споредба со останатите апликанти на огласот.

Апелираме за коректно известување и избегнување на манипулации и погрешни толкувања.

Целокупниот систем и процес на селекција, бодирање и рангирање беше повеќепати објаснет уште од моментот на промоција на проектот, во рамки на огласите кои беа јавно објавени, и во рамките на самото рангирање кое беше јавно и транспарентно.