Средба на министерот Џафери со досегашното и со новото одбранбено аташе на Грција во Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со досегашното и новопоставеното одбранбено аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Христос Поулијанитис и полковникот Николаос Арабацис.

На средбата, соопшти денеска МО, соговорниците се осврнале на модусите за развој на меѓусебната соработка која се базира на воена обука и едукација, јазична обука и друго.

Министерот Џафери посочил дека единствено преку заеднички средби и контакти, како и преку развој на соработката на билатералнo и регионално ниво, може да се дојде до решение за секое отворено прашање.