Јанкулоска: Евидентна е појавата на насилно однесување на навивачките групи

Согласно со англиските искуства неопходно е да се изврши дефинирање на посебните услови кои треба да се исполнат при одржување на спортските натпревари. Врз основа на овие услови потребно е да се направат одредени интервенции на спортските објекти како и просторот околу нив за зголемување на безбедноста на посетителите.

Ова денеска на прес-конференција го рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, појаснувајќи дека Владата  изгласала дел од предложаните заклучоци на МВР, кои се изготвени врз основа на аналзи спроведени во соработка со спортските работници.

- Врз база на англиските, италијанските и хрватските искуства, МВР ќе превземе обврска за изменување и дополнува на Законот за спречување на насилство на спортските натпревари. Измените ќе имаат цел да се создаде правна обврска на организаторот на сопортскиот напревар за контролирана продажба на билети што подразбира пред продажба на билетите да се направи координација со МВР, истакна Јанкулоска.

Посочи дека Законот би требало да предвиди и создаде обврска за продажба на билет со документ за лична идентификација, со што точно ќе се знае на која трибина и кое седиште кој гледач купил билет или бил присутен во моментот кога настанал некој инцидент.

- Со оглед на фактот дека сегашниот Закон не го третира прашањето за влез на лице под дејство на алкохол или козумира алкохол два часа пред натпреварот, истото треба да биде регулирано со цел полицијата да може во рамките на своите законски овластувања да го спречи лицето под дејство на алкохол да влезе во спортскиот објект, рече Јанкулоска.

Нагласи дека во Македонија едвидентна е појавата на насилно однесување на навивачките групи, каде се повеќе е видлива насилната страна во однесувањето на дел од навивачите. Тие со свото навивање не само што го истакнуваат клубот за кој навиваат туку спцифичноста и нивната припадност на сопствената група, регионот, етничката, националната понекогаш и верската припадност.

- Годишно, просечно регистрираме околу 17 инциденти. Во овој период инциденти се регистрирани на 81 натпревар а гледано според географските подрачја 61 отсто се случиле во Скопје и Тетово. 67 проценти од инцидентите  се случуваат на фудбалски натпревари а најчесто се случуваат на фудбалските натпревари каде што играат „Вардар“, „Тетекс“ и „Шкендија“ и 25 отсто на кошаркарските натпревари каде начести инциденти има на меѓусебните натпревари на „Работнички Фершпед“, „МЗТ“ и „Фени Индустри“ од Кавадарци, истакна Јанкулоска.

За овие натпревари, рече дека биле ангажирани 6.500 полициски службеници, а при нивна интервенција во 28 инциденти повредени се 69 полицајци. Во 34 инциденти оштетени се 13 полициски возила, 50 цивилни и 11 автобуси.