Груевски: Пензионерите и следната година бесплатно на бања

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека и за идната година е предвидено бесплатна бањска рекреација за пензионерите.

- Досега околу 20.000 пензионери ја искористија оваа можност, а за следната година повторно имаме планирано 30 милиони денари, што значи дека околу 5.500 лица ќе можат да ги искористат бањско-рекреативните центри, потенцира премиерот Груевски.

Тој рече дека неколку пати ги посетил во различни бањи и директно разговарал со многу пензионери, но и со Сојузот на пензионери.

- Тие се презадоволни од оваа мерка. Тоа ни даде мотив, иако првично не замислувавме мерката толку долгорочно да трае, да продолжиме затоа што има позитивно влијание на здравјето на пензионерите. Од таа гледна точка и следната година 5.500 пензионери ќе можат да заминат на бесплатно бањско лекување кое е пропратено и со лекарски третман за време на престојотза кој се платени сите трошоци.