Спасов: Огласот за вработување лица со инвалидност трае уште десеттина дена

Околу 1.000 лица со инвалидност досега се пријавени на огласот за вработување во државната  и јавната администрација. Огласот со кој се овозможува вработување на 300 лица со инвалидност трае до 1 декември. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов упати апел оние кои досега не аплицирале да го направат тоа со цел сите да имаат поенакви шанси и да бидат избрани кои се во најтешка состојби.

- Би сакал да ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат бидејќи огласот завршува за 10 дена. На него можат да се пријават сите слепи, слабовидни, глувите и наглувите, лицата со пречки во говорот и јазикот, лицата со комбинирани пречки, инвалиди на трудот, лицата со лесна и умерена попречесост во интелектуалниот развој..., рече Спасов по средбата со претставници на Националниот совет на инвалидски опрганизации во кој членуваат претседателите на сите национални организации.

Појасни дека од 300-те работни места 160 се за лица со ниска кфалификација, 100 со средно и вишо образование и 40 за оние високо образование.

- Лицата кои ќе ги исполнат условите и ќе бидат рангирани согласно критериумите во огласот ќе бидат вработени. Потоа комисија за оцена на работната способност на лицата кои ќе бидат примени ќе даде оценка на кои работни места би можеле да работат лицата. Работните места не можат во моментов да се дефинираат бидејќи на таков начин би ги скратиле правата на лица со одредени видови и степени на инвалидност, рече министерот за труд и социјална политика.

Истакна дека ќе бидат рангирани со гласно критериумите утврдено со огласот при што предност ќе имаат оние кои подолг временски период се невработени, имаат пониски приходи во домаќинството и пониски лични приходи. Предност ќе имаат и лицата во чии семејства има повече од едно инвалидно лице бидејќи тие се во потешпка состојба.

На денешната средба со претставниците на Националниот совет на инвалидни лица станало збор и за информација која Владата ја усвоила на последната седница на предлог на МТСП за унапредување на постоечкиот систем за вработување на инвалидите во Македонија.

- Сметаме дека има потреба од нов закон за вработување на инвалиди сличен на европските земји на кој ќе се работи во наредните месеци. Ќе се воведе модел за вработување на инвалидите во сите фирми по квотен систем, односно секоја фирма со одреден број вработени да треба да вработи инвалидно лице, рече Спасов.

Додаде дека на ваков начин ќе се овозможи поголема интеграција на инвалидните лица во општеството и ќе се зголемат можностите да најдат работа.