Новогодишно обраќање на премиерот Никола Груевски

Драги сограѓани, дами и господа,

2013 година е веќе зад нас. Пред нас е новата 2014 година. Секој од нас си има свое видување за годината зад нас, и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас, многу фактори му влијаеле за годината да му биде подобра или полоша. Од оние најиндивидуалните како здравјето, љубовта, личните успеси или неуспеси во училиштето или факултетот, на работното место, за невработените потрагата по работа, за болните потрагата по подобро здравје. Некого го израдуваа принови во нивниот дом, некого го разочараа губењата на најблиските, некој е среќен дека добил и развил нова идеја, друг е помалку среќен заради некои лични проблеми и неуспеси од различен вид. И тоа е така со индивидуалните фактори кои ни влијаат на отценката на годината зад нас, но и на плановите за годината пред нас.

Другата страна се случувањата во државата и пошироко кои директно или индиректно влијаат на нашите животи, ни даваат или не нови можности и шанси.

Од еконосмки аспект 2013та беше година на постепено закрепнување на Македонија од ударот на европската должничка криза. Иако истата сеуште е актуелна, сепак во годината зад нас имаше мало подобрување во европски рамки. Тоа мало подобрување во европски рамки, Македонија го искористи солидно и макроекономски гледано извлековме прилично поволен  резултат. Според податоците за првите 9 месеци, споредено со сите земји во Европа, Македонија забележа четврт најголем раст на економијата од околу 3,4 осто. Истовремено останавме и четврта најмалку задолжена земја во Европа со државен долг од 34,5 ото од БДП. Буџетскиот дефицит кој е проектиран на околу 3,9 осто е одржлив и следната година ќе биде и помал.

Она што е најважно е што и оваа година, растот на економијата се рефлектираше на ново намалување на невработеноста, која сеуште е висока, но споредено со екстремно високата невработеност на почетокот на мандатот на оваа влада, кога наследивме невработеност од околу 38 осто, намалувањето за околу цели десет процентни поени, на сегашните 28,7  не само што е историски најниска невработеност, туку се чини и максимум што можеше да се направи во едно тешко време на 5 и пол годишни светски и европски кризи, кога во најголем дел од земјите невработеноста растеше.

Интересен податок кој неодамна го доби агенцијата за вработување по анкетирањето на сите регистрирани невработени е дека повеќе од половината од регистрираните невработени се изјасниле и потпишале изјава дека се пасивни невработени, и дека не сакаат Агенцијата да им нуди работни места.Ние ќе продолжиме активно да работиме на се што е во наша моќ да се отвораат нови работни места.

Во 2013та покрај повеќе домашни, допринос за намалување на невработеноста дадоа и ќе продолжат да даваат повеќе странски глобални компании како Ван Хул  во Скопје кој во 2013та веќе почна да произведува и извезува автобуси и планира вкупно 400 вработувања, Дракселмајер во Кавадарци кој од 2013та секојдневно вработува нови луѓе со цел да ја стигне зацртаната бројка од 4100 вработувања, Кромберт и Шуберт во Битола исто така кој од 2013та ита кон 2500 вработувања, Џонсон Мети кој во 2013та ја отвори својата втора фабрика која ќе овозможи нови над 200 вработувања, како и Џонсон контролс кој во 2013та ја отвори својата втора фабрика во Штип проектирана за 1400 вработувања, новата американската фабрика од автомобилката индустрија во Кочани која веќе ги вработува првите 100 луѓе а планира следната и годината по неа да вработи вкупно 1500 луѓе, каде што прилично извесно е дека доаѓа уште една до две други, една кинеска и една холандска компанија.

Маккард од Германија пред две недели веќе потпиша договор со владата и објави дека следната пролет ќе почне да градба на фабрика во Велес за најмалку 600 вработувања, рускиот гигант Протект груп јавно објави дека во април ќе ја почне својата втора фабрика а итаљанскиот Технохозе веќе ја гради својата втора фабрика четирипати поголема од првата и по големина и по број на планирани вработувања. Годинава зад нас во Демир Хисар стартуваше и руската Гришко, која веќе вработи 80 а планира да стигне до вкупно 300 луѓе, дубајската компанија во ресен која купи земјиште за изградба на откупен центар за овошје несамо што ќе вработи 100 луѓе туку во значајна мерка ќе го апсорбира производството на јаболка од тој регион,  Ванн пујен брок, текстилна компанија од холандија во октовври веќе започна со производство во Илинден, Кофи каб од тунис почна со огласи за вработувањево кавадаречкиот регион за околу 150 луѓе, и редица други.

За 2014та година, во овој момент, веќе имаме неофицијална потврда на најмалку 20 нови странски компании дека во годината која доаѓа ќе почнат градба на нови капацитети во Македонија, а уште други десетина компании размислуваат да донесат таква одлука, и се надевам и дека и некој од нив ќе ја донесат. Ова се компании кои ќе донесат повеќе илјади нови вработувања во автомобилската индустрија, информатичките технологиии, земјоделието, текстилот, металургијата и производствените дејности.

Но ние тука не застануваме, јас годинава ангажирав и трет министер задолжен за инвестиции, кој го остави својот бизнис и дел од семејството  во Америка и дојде да и помогне на Македонија. Целта ни е насекаде низ Македонија, во секој град, во секое населено место да се донесат нови можности и нови шанси за нашиот народ.

Продолживме со реформите и во делот на подобрувањето на бизнис климата светската банка не рангира како 25ти во светот, подобро пласирани пред дури 21 земја членка на ЕУ.

Годинава се реализираше и  даденото ветување за исплатата на сите заостанати обврски кон стопанството.Се потпиша и договорот јужен тек со Русија со кој ќе се обезбедат многу поголеми количини на гас.

За граѓаните кои од било која причина задоцниле, за нови 9 месеци го продолживме рокотза  откуп на дворните места по 1 евро квадрат, а за компаниите обезбедивме нови 100 милиони евра за кредити со субвенционирана камата од 5,5 проценти.

Последната делница од автопатот Александар Велики се гради без застој,а со НР Кина се направи аражман за два нови автопата, од Скопје до Штип и од Кичево до Охрид чија градба треба да почне за околу два месеци. Се потпиша и договорот за градба на железницата кон Бугарија чија градба  треба да почне во наредните два-три месеци а пругата на коридорот 10 се ремонтира за да се вози со брзина од 120 км на саат. Се склучија и договорите за набавка на 150 товарни вагони а следува потпишувањето и за нови патнички композиции, како и реконструкција на поголемите железнички станици.

Во 2013та година се изградени или темелно реконструирани 144локални патишта со должина од 145 километри и 14 регионални  и магистрални патишта во должина од 150 км, а во 2014 та ќе има нови 75 локални патишта исто така во должина од 145 км и голема должина на регионални и регионални патишта.

Во 2014та меѓу останатото започнува и градбата на ХЕ Бошков Мост и Луково поле, а се чини овој пат има интерес од концесионери за ХЕ Чебрен како никогаш досега.  Во 2014та ќе имаме градба на гасоводна примарна мрежа,а во јануари ќе се отвори и јавен повик за концесија на секундарната гасификација.

Во 2013та успеавме, како што ветивме, за 5 осто да ги зголемиме пензиите за пензионерите и социјалната помош, а во март следната година предвидени се нови 5 осто зголемување и на двете, додека во септември 2014та ќе пораснат за 5 осто и платите во администрацијата, во време во кое во повеќето други земји или се замрзнати или се намалуваа.

Не ги заборавивме ни ранливите категории на лица, и како никогаш до сега се вработуваат 1600 лица од категориите долгорочно невработени, лица кои немаат вработен во семејството, невработени од многудетни семејства, иневработени самохрани и еднородителски семесјтва, а во тек е вработување во јавниот сектор на 300 хендикепирани лица. Само во 2013та се вработија 83 деца излезени од дом за деца без родители, за кои претходно направивме и многу други чекори како обезбедувања станови, средства за студирање и друго.

Се зголеми и посебниот додаток за самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 осто, се воведе и додаток за глувост за стопроцентно глуви лица, како и додаток за квадриплегичари кои стапуваат на сила од 1ви јануари 2014та година.

Екстерното тестирање на учениците стартуваше успешно, се донесоа јасни правила за сместување во студенските домови и се спроведуваат,се градат спортски сали и спортски терени, се градат и реновираат училишта и градинки а склучивме и договор со универзитетот Кембрич кој постепено во наредните 5 години ќе ги промени учебниците и наставните програми со најсовремени.

Се формираше и фондот за подршка на иновациите кој од средината на 2014та ќе ја почне распределбата на грантовите за конкретни иновативни проекти.

Во земјоделитето продолжува силната подршка од владата, и ако во 2013та се распределија 135 милиони евра, веќе во 2014та планирани се нови 140 милиони евра за натамошен напредок на македонското земјоделие. Легализацијата на објектите за земјоделска намена и подршката за креирање земјоделски задруги како и подобрувањето на квалитетот на семениот матерјал и вештачките ѓубрива се наш фокус на внимание со кој очекуваме уште повеќе приноси. Се донесе и закон со кој земјоделците можат да си го купат земјиштето кое го имаат под концесија. Наводнувањето е огромен предизвик на кој ќе работиме во 2014та но и во годините по неа.

Продолжи и ќе продолжи и грижата за македонското здравство, каде освен огромните набавки на опрема и реконструкции и градби на нови болници, посебно се фокусиравме на подобрување на квалитетот на услугата на пациентите преку воведување на проектот за плаќање на лекарите по учинок и преку масовни обуки на лекарите и медицинскиот персонал за нови методи за работа кои се користат во најпрестижните медицински центри. Се воведува неонаталната кардиохирургија,  се намалија цените на лековите, започна градбата на Пет центарот и детската клиника Козле, а за неколку месци стартуваат и градбите на комплексот клиники Мајка Тереза, штипската и кичевската болница, големи зафати се направија и во тетовскиот медицински центар а почнува и спроведувањето на концесијата на дијализите која треба да ја подобри услугата во тој дел.

Стартуваше и дигитализацијата, се воведува 4Г фреквенции, се воведе мој термин во здравството, е потсетник за граѓаните и повеќе други проекти од делот на информатичките технологии, а се донесе и закон за инспекциски надзор кој ќе даде нов квалитет на правилно испекциско работење. Во парламентот е и законот за администрација со кој се предвидени револуционерни промени во оваа област во делот на давање предност за влез на најспособните и на мотивација на луѓето во администрацијата преку континуирани обуки и награди за најдобрите.

Се донесе и законот за медиуми по долги преговори со новинарската фела, и со компромис по клучните прашања. Бројот на туристите во Македонија повторно значително порасна, а за 2014та се очекува нов рекорд на странски туристи.

Пред нас е година кога очекуваме да почне градбата на становите за АРМ, и да заврши градбата на новиот центар за обука на пилоти.

Борбата против криминалот и корупцијата беше и ќе остане цврста и неселективна.

На надворешен план би рекол имавме многу предизвици. Го добивме петтиот по ред позитивен извештај од ЕУ кој ни ја овозможи и петтата по ред препорака за почеток на преговорите за полноправно членство. Сепак, и овој пат на Македонија не и беше дадено заслуженото од причина што ЕС неможе да обезбеди консензус од сите земји членки, за што главна причина е барањето за промена на уставното име на земјата, и името на македонскиот јазик и нација, од една земја членка, која своето членство го користи и недозволува придвижување на Македонија ниту во НАТО ниту во ЕУ. Имајки во обзир дека нашиот јужен сосед се соочува и со тешка финаска криза, која може да го доведе во прашање и кредибилитетот на  еврото како заедничка валута на поголемиот дел од земјите членки, напорите на сите поважни земји членки во моментот се фокусирани на тоа прашање, и повеќе од очигледно е дека барем засега немаат намера да вршат притисок на нашиот јужен сосед по било кое друго прашање освен финасиските, а без таков притисок шансите за решение се минорни. Одтука, Македонија ќе продолжи со сите напори за спроведување на своите внатрешни реформи кои ќе ја зголемуваат нашата сила и кредибилитет, и истовремено ќе продолжи со максимални обиди за изнаоѓање решение за спорот кој го наметна нашиот јужен сосед, но без нереални очекувања или паѓања во колективни депресии по прашањето што кажал овој или оној за нашето име, јазик или нација, или разните притисоци преку разни извештаи за Македонијаили внатрешнополитички предизвици, кои треба да не деморализираат.

Ние нема да застанеме, ние ќе работиме, ние ќе се однесуваме европски, и ние сме и ќе останеме спремни за да и се придружиме на ЕУ и на НАТО тогаш кога и тие ќе бидат спремни да не прифатат тие што сме, и тоа што сме.

Почитувани граѓани,

Во годината зад нас дадов се што беше во моја моќ, работејки заедно со тимот во владата, да помогнеме на секој граѓанинин на Македонија, на секој македонец, и на секој албанец, турчин, србин, ром, бошњак, влав, и секој еден наш граѓанин преку многу мерки и ативности, и преку многу проекти кои ги спроведовме. Знам дека имаме уште многу проблеми за решавање, знам дека на многумина од Вас животот не им е лесен, знам дека многумина секојдневно се судруваат со многу неправди и проблеми. Но давам се што можам нештата да ги придвижиме кон подобро.

Секој кој одговорно ја разбира оваа работа, може да замисли колку многу напор е потребен за да се сменат некои работи, низ колку компромиси и преговори треба да се помине, колку непреспани ноќи треба да се издржат и колку одрекувања се потребни за Македонија да се менува кон подобро и да се создаваат дела за сите граѓани. Веројатно многумина ќе речат:не е доволно или не е правилно. Во ред, можеби и не е, и од тој аспект јас сум секогаш подготвен за преиспитување но и за нови проверки на довербата, но едно знам и од тој аспект имам кристално чиста совест, а тоа е дека заедно со мојот тим го даваме максимумот. Понекогаш и грешиме, но кажете ми го човекот кој никогаш негреши.Со вакво и посилно темпо ќе продолжиме и во 2014та, со постојните и многу нови проекти и идеи за подобра, поуспешна и побогата Макеоднија. Македонија во која различните етникуми и религии опстојувале и во добро и во лошо и се помагале едни со други. Таа Македонија,  ќе оди напред и во 2014та година.

Нека Ви е среќна и успешна новата 2014та година, нека здравјето ве служи а идеите за подобар живот нека Ви се реализираат повеќе од она што очекувате.

Среќна и бериќетна Нова  2014 година!!!