Груевски: Одлуката на СДСМ штетна за државата

Одлуката на СДСМ да ги врати пратеничките мандати добиени на изборите е штетна за државата и за партијата што ја носи.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција во Владата во одговор на новинарско прашање за коментар за политичката ситуација по најавеното враќање на мандатите од страна на СДСМ.

- Партијата се уште има време да ја преиспита одлуката до формирањето на Парламентот, нагласи Груевски.