41-ва седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05.12.2017 - 01:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (667.86 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Табела со материјали за кои е побарано мислење и не се процесуирани во владина постапка поради докомплетирање
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Информација на Управата за јавни приходи за состојба и можностите за наплата на даночен долг кај Јавното претпријатие Македонија пат ЈПЦО Скопје (Министерство за финансии-Управа за јавни приходи)
2 Предлог-уредба за изменување на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон (Министерство за финансии-Царинска управа)
3 Информацијата за потребата од финансиски средства за санација на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка и поправка на радарскиот систем во Ѓуриште
4 Информација за можни начини и решавање на состојбите врзани со задолжителните нафтени резерви, со Анализа за потребите и ефектите кои би се постигнале со менување на уредбите за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати
5 Годишна сметка за 2016 година, Годишен извештај за работењето во 2016 година и Ревизорски извештај на независна ревизија на финансиските извештаи на ЈП „Стрежево“- Битола за 2016 година, со Предлог-одлуки
6 Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загуба на ЈП „Стрежево” - Битола за 2016 година
7 Одлука за утврдување на цената на годишната претплата на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ за 2018 година, со Предлог-одлука за давање согласност
8 Одлука за утврдување на цената на годишната претплата на Регистарот на прописи на Република Македонија за 2018 година, со Предлог-одлука за давање согласност
9 Информација за проекти кои не се поврзани со основната дејност на АД ЕЛЕМ
10 Информација за потреба од спроведување на постапка за доделување на повеќегодишен Договор за јавна набавка за изградба на денивелиран патен јазол за ТИРЗ Струга (изведба на надпатник и дополнителен крак)
11 Барање за финансиски средства за плаќање на членарина 2017 година кон европските и меѓународните тела за стандардизација
12 Статутарна одлука за изменување на Статутот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје, со Предлог-одлука за давање согласност
13 Предлог-програма за изменување и дополнување на Програма за распределба на средства од игри на среќа за 2017 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија
14 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за култура
15 Предлог-одлуки за давање согласност за отстапување на одземени предмети (моторни возила) со правосилни пресуди/одлуки на државни органи и Предлог-одлуки за давање согласност за престанување на важењето на Одлуките за давање согласност на Решенијата за отстапување на одземени предмети со правосилни пресуди на државни органи
16 Предлог-одлуки за давање согласност за отстапување на одземени предмети (разни предмети и храна) со правосилни пресуди/управна постапка на државни органи и Решенија за отстапување на одземени предмети (храна и други предмети)
17 Информација за материјално технички средства на Дирекција за заштита и спасување и предлог за трајно давање на користење на Јавна здраствена установа завод за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецивични и алергиски заболувања, со Предлог-одлука
18 Информација за трансфер на прибраните средства во Компензациониот фонд Фаре во Буџетот на Република Македонија
19 Информација за реконструкција на пруга Куманово-Бељаковце, железнички Кориодор 8, за период 01.01-30.06.2017 година
20 Информација за изменување на Законот за трговија согласно иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“
21 Информација во врска со одржување на Петнаесетиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница на 14-ти декември 2017 година во Приштина, Косово
22 Информација во врска со иницирање на постапка за изрекување на санкции за Република Македонија во споровите ECS-9/16 и ECS-2/15, покренати од Секретаријатот на енергетската заедница до Министерскиот Совет
Предлагач: Министерство за економија
23 Информација во врска со одржување на Собрание на акционерите на ЕВН Македонија АД, Скопје, закажано за 11.12.2017 година
24 Информација во врска со барањата на Концесионерите за измена на техничко решение за изградба на мали хидроелектрани
25 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - јаглен на локалитетот „Гуштерица“ општина Кичево
26 Информација во врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи за локацијата со реден број 14 на река Падалишка на концесионерот МХЕ ПАДАЛИШКА ДОО Скопје
27 Информација во врска со предложениот Директен договор помеѓу Владата на Република Македонија и ПроКредит банка АД Скопје за финансирање на МХЕ Падалишка со референтен број 14 на концесионерот МХЕ ПАДАЛИШКА ДОО Скопје
28 Информацијаво врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи за локациите со реден број 312, 315, 316 и 317 на река Врановска и река Тополка на Концесионерот МХЕ ТОПОЛКИ ДОО СКОПЈЕ
29 Информација во врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи за локациите со реден број 5 и 6 на река Жировница на Концесионерот Хидроген Енерџи ДОО Скопје
30 Информација во врска со реализација на Одлуката за изменување и дополнување на Одлука на Владата на Република Македонија за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи на локации со референтен број 100 и 101 на река Лешочка
31 Информација во врска со спроведување на Одлуките за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија за МХЕ Јадовска 9 и МХЕ Зрновска 352
32 Информација во врска со спроведување на Одлуките за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија за МХЕ Чемплеска 309 и МХЕ Стровија 250
33 Информација за текот на активностите на избраните понудувачи во постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на 11 мали хидроелектрични централи
34 Информација за текот на активностите на избраните понудувачи во постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на 35 мали хидроелектрични централи
35 Информација во врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи за локацијата бр.7 на река Рибничка на Концесионерот Актуел Енерџи Груп ДОО Скопје
36 Предлог-закон за ратификација на Дополнителниот билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година за олеснување на нејзината примена
37 Предлог-закон за ратификација на Дополнителен билатерален договор кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети од 20.04.1959 година, со цел олеснување на нејзината примена
38 Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство
39 Информација со предлог-текст на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година во рамки на 18-от циклус на Акциониот план за членство
40 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за културата
41 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство
42 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност

43

Информацијата за формирање на Национално координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување со предлог одлука за формирање и решение за назначување на претседател, членови и заменици членови на Националното координативно тело за заштита на децата од злоупотреба и занемарување, со Предлог-одлука и Предлог-решение
44 Информација за потребни податоци од институции заради подготовка на Проектот за подобрување на социјални услуги
45 Информација за реализација на проектот „Субвенции за купување музички инструменти за младите“ (статус октомври 2017)
46 Информација за превентивни прегледи за социјално ранливи групи
47 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб на Друштвото за приредување на игри на среќа „ГЛОБАЛ ГАМИНГ“ ДОО Скопје во деловната просторија која се наоѓа на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.68/1-3А Скопје-Центар
48 Предлог-одлука за престанок на важност на одлука за утврдување на градби од посебен интерес заради изработка на урбанистичко планска документација
49 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - песок и чакал на локалитетот „с. Средно Коњари и с. Долно Коњари“, општина Петровец
50 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - варовник на локалитетот „Рид“ с. Катланово, општина Петровец
51 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - варовник на локалитетот „Чардаковец” општина Ѓорче Петров и општина Чучер Сандево
52 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - гранит на локалитетот „с.Мажучиште” општина Прилеп
53 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - песок и чакал на локалитетот „Одризом“ с.Доброшане, општина Куманово
54 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација за потребите за реконструкција и рехабилитација на државен пат „А3/Р1312 на ниво на експресен пат, делница Велес-Кадрифаково, Втора секција од депонија Велес до с.Лозово, од стационажа км.0+000 до км.8+933,92“ на минерална суровина-песок и чакал на локалитетот „Бунар Дере“, општина Велес
55 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација за потребите за изградба на државен пат „Автопат Миладиновци-Св. Николе-Штип“ на минерална суровина - песок и чакал на локалитетот „Овче поле-Богословец” општина Свети Николе
56 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација за потребите за проширување и изградба на државен пат „А3/Р1312, делница Велес-Кадрифаково, четврта секција од с. Лозово до с. Сарамзалино и шеста секција од с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково“ на минерална суровина - песок и чакал на локалитетот „с. Црнилиште” општина Свети Николе
57 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина - лапорец на локалитетот „с. Блаце“, општина Чучер Сандево
58 Барање на Фарук Балгиноглу, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
59 Барање на Балкан Беркан, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
60 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје
61 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Клиничка болница - Штип
62 Иницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје, за поведување на постапка за оценување на уставноста на повеќе одредби од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015 и 23/2016) доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.92/2017
63 Понуда од нотар Емилија Георгиева Аџиска од Берово за купопродажба на недевижен имот во Берово со Имотен лист бр.1065 за КО Двориште на КП бр.6200
64 Понуда од нотар Анета Петровска Алексова од Скопје за купопродажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.102927 за КО Бутел на КП бр.2323
65 Понуда од нотар Мексуд Максуд од Ресен, за продажба на сосопственички дел на недвижен имот Ресен со Имотен лист бр.56375 за КО Ресен на КП бр.4956
66 Понуда од нотар Хакија Чоловиќ од Скопје за продажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.10315
67 Понуда од нотар Лазар Козаровски од Скопје за продажба на недвижен имот во Скопје со Имотен лист бр.108569 за КО Центар 1 на КП бр.9492/1
68 Известување од извршител Весна Деловска именуван за подрачјето на Основните судови Скопје 1 и Скопје 2 за Заклучок за усна јавна продажба (врз основа на член 167 став 1, член169 став 1 и член 170 став 1 од Законот за извршување (Сл. весник на Република Македонија бр.35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010,88/2010, 171/2010, 148/2011 и 187/2013), доставен под И.бр. 479/2016
69 Известување од извршител Снежана Андреевска од Скопје под И.бр.622/17 за налог за извршување врз недвижност
70 Кадровски прашања /41/
71 Прашања и предлози /41/
72 Информација за месец АВГУСТ, 2017 год. за реализација на проектите:
- „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“
- „50% попуст за ученици и студенти“
- „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“
- „Средношколска среда“
- „Бесплатен викенд за стари лица во железнички патнички сообраќај“
73 Информација за месец СЕПТЕМВРИ, 2017 год. за реализација на проектите:
- „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“
- „50% попуст за ученици и студенти“
- „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“
- „Средношколска среда“
- „Бесплатен викенд за стари лица во железнички патнички сообраќај“
74 Информација за склучување на договори за потполно испитување на патент со повеќе европски институции
75 Информација за превземените активности за подобрување на иновацискиот индекс
76 Информација за прогресот на твининг проектот Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост финансиран преку ИПА 2011
77 Извештај за финансиското работење на ЈП „Стрежево“ - Битола четврто тромесечие од 01.10.2016 до 31.12.2016 година
78 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот април - јуни 2017 година, со дополнувања кон материјалот
79 Информација за вкупен одземен (конфискуван) имот, имотна корист и одземени предмети со кој управува Агенцијата за период месец август 2017
80 Информација за преземени чекори од страна на Агенцијата за филм во врска со проект тв серијал „Македонија“
81 Информација за прогрес за реализација на проектот „Решавање на проблемот со недовршените постапки на арондација од минатото“
82 Информација за прогрес за реализација на проектот „Консолидација на земјоделското земјиште за третиот квартал од 2017 година“
83 Извештајот за работењето и користењето на средствата од програмите за изработка на просторни и урбанистички планови во 2017 година за периодот јануари - јуни, на Агенцијата за планирање на просторот
84 Информација за изградба на заедничка железничка станица на Република Македонија и Република Србија во населено место Табановце, за период 01.01-30.06.2017 година
85 Информација за прогрес на активности во врска со реализација на проектот „Формирање на Национална канцеларија за трансфер на технологии“ (за период јануари - септември 2017 година)
86 Информација за бројот на ученици и студенти што добиваат услуги за кариерно советување (Исход 1.2.6 од Акцискиот план за вработување млади лица 2016 - 2020)
87 Информација за можноста за вршење на периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници ангажирани од Министерство за здравство на корисниците во Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот
88 Информација за реализација на проектот Стимулативни мерки
89 Информација за реализација на проекти од областа на културата заради создавање навики за културна перцепција кај младата популација
90 Информација за збогатување на културната понуда за лицата со посебни потреби
91 Информација за арбитражен спор инициран од Гокул Дас Бинани и Маду Бинани против Република Македонија
92 Информација за капиталните проекти од областа на издавачката дејност на Министерството за култура
93 Програма за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2017 година
94 Информација за разгледување на можноста за доделување на нов простор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје-Економски институт или за реконструкција на постојниот објект
95 Информација за потребата од задолжување на Министерството за труд и социјална политика за исплата на финансики средства за подмирување на долг кон Државен студентски дом „Томе Стефановиќ Сениќ“ Скопје.
96 Информација за употреба на систем за известување и следење на имплементацијата на јавните политики за интеграција на Ромите во Македонија со предлог Образец за известување