5-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
16.06.2017 - 02:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (1.39 MB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
1 | Предлог до Собранието на Република Македонија за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство |
2 | Кадровски прашања /5/ |
3 | Прашања и предлози /5/ |
4 | Информација за настанат климатски неповолен настан – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети штети на земјоделски култури на 14 Јуни 2017 година во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион |
5 | Предлог - одлука за утврдување на дополнителна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани |
6 | Информација за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2017 година, со предлог одлука |
7 | Информација за именување на членови на Економско-социјалниот совет од страна на Владата на Република Македонија |
8 | Информација за разгледување на можноста за давање на трајно користење на недвижна ствар – објект на детско одморалиште „Мајски цвет“ – Струга на Министерството труд и социјална политика |
9 | Информација со Предлог за бројот на студенти за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година |
10 | Предлог – Одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2017/2018 година |