Весна Јаневска

Функција: 
Министер за образование и наука
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Весна Јаневска е истакнат македонски патолог и професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена е на 27 јуни 1958 година во Скопје.

Јаневска го завршува своето високо образование на Медицинскиот факултет во Скопје. Подоцна, таа завршува и специјализација по патологија, како и докторски студии со тезата: „Хистолошки морфолошки и имунохистохемиски карактеристики на примарните малигни коскени тумори“.

Професионалната кариера на Јаневска започнува во 1983 година како доктор по општа пракса во Болницата за душевни болести во Демир Хисар. Во 1987 година, пак, таа преминува во Медицинскиот центар „Др. Трифун Пановски“ во Битола како доктор на специјализација. Од 1990 година, Јаневска работи како специјалист по патологија на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Во текот на својата кариера, Јаневска има извршувано различни академски и управни функции на Институтот за патологија, вклучувајќи асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Таа била и шеф на Катедрата по патологија и менаџер на квалитет на Институтот за патологија. Во периодот од 2006 до 2008 година, таа е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Јаневска е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации во интернационални и домашни списанија. Нејзини најзначајни позначајни трудови се: „Epidermal Growth Factor Receptor immunohistochemical expression in hepatocellular carcinoma without Epidermal Growth Factor Receptor exons 18-21 mutations“, „Percutaneous Imaging-Guided versus Open Musculoskeletal Biopsy: Concepts and Controversies“, и „Hepatocellular carcinoma - clinicopathological characteristics survival and expression of various histologic molecular markers“.

Весна Јаневска е активен член на различни професионални здруженија, вклучувајќи ја Лекарската комора на Македонија, Македонското лекарско друштво, Европското здружение на патолози и Интернационалната академија по патологија. Таа има учествувано на бројни меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти, финансирани од институции како Универзитетот Небраска, Универзитетот Вирзбург и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

За својата работа и придонес кон медицинската наука, Јаневска добила бројни признанија и награди, вклучувајќи ја и Повелбата „Др Трифун Пановски“ од Македонското лекарско друштво за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, пракса и развојот на здравствената заштита.

Весна Јаневска течно говори англиски јазик, а има одлично познавање и на српскиот јазик.