Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, вчера пред членовите на министерскиот совет ја презентираше драфт верзијата од Планот 18.
„Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазатра на негово создавање“, исткна Османи на средбата, информирајќи за усешноста во овој процес при кој веќе пристигнвуаат конструктивни сугестии и коментари кои заслужуваат сериозно да бидат земени предвид при финализацијата на Планот.
„Планот 18 мора да го надмина квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9, и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па сè до нејзиниот почето“, истакна Османи, упатувајќи на важноста од создавање квалитетен План кој ќе ги оправда очекувањата за квалитетни и суштински реформи, и довербата во реформскиот курс на владата, како на домашната, така и на меѓународната јавност. Во тој контекст, Османи информираше дека во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелшките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни.