Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.
На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.
Во своето обраќање, Неговото Височество принцот Едвард, се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета. На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.