Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.
На средбата канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската Унија. Бирлајн го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и повтори дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.
Бирлајн на премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал, кои, како што рече Канцеларката, придонесоа да нема никакви пречки за отпочнување на преговорите со Унијата.
Премиерот Заев и Канцеларката Бирлајн на денешната средба се согласија дека Република Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи помеѓу двете земји.
Првата средба со новата Федерална Канцеларка на Република Австрија, премиерот Заев ја искористи да ја покани Бирлејн да ја посети Северна Македонија.