Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот „методологија пред проширување“ може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата“, истакнува претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто за весникот „Вечер“.
Премиерот Заев додава дека Северна Македонија има аргументи да укаже дека одлуката да не ни биде даден старт за преговори е историска грешка и дека е доведено во прашање проширувањето како инструмент од исклучително значење за вградување и живот на европските вредности во земјите што природно им припаѓаат на Европската Унија.
„Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Ќе поминеме сигурно одреден број години во процесот на преговори по поглавја. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, го образложува својот став за весникот „Вечер“ претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.