Премиерот Заев, заедно со вицепремиерката Шекеринска, на средба вицепремиерот на СР Германија Шолц, во Стокхолм

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска, се сретна во Стокхолм со вицепремиерот на СР Германија, Олоф Шолц.

На средбата е пренесена силна порака на поддршка од германската Влада за реформските постигнувања на нашата држава. 

 

 

Констатирано е дека е важно да продолжи проширувањето на ЕУ, како за Република Северна Македонија, така за целиот регион, во поглед на стабилноста и натамошниот развој на демократските вредности.

„Работиме на реформите и понатаму, градиме едно општество за сите и на добрососедските односи, ги негуваме европските вредности. Посветени сме на подобар живот за нашите граѓани, економските параметри растат. Нашето место е во Европа“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со германскиот вицепремиер Олоф Шолц.