Филиповска-Грашкоска: Во последните седум дена се извршени 5.503 контроли, затворен е еден угостителски објект

Во периодот од 2 ноември заклучно 8 ноември, од страна на сите инспекциските служби се извршени вкупно 5.503 контроли (од кои 1.760 се надзори). Поединечно, во периодот од 2-ри до 8-ми ноември, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.743 контроли и  614 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, и Законот за заштита од пушењето и др. При тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести затворен е 1 објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти (неносење на заштитна маска) и поднесени се 26 прекршочни пријави, од кои 1 е за непочитување на КОВИД протоколот и 25 прекршочни пријави поради прекршување на материјалните закони . Поднесени се и 2 кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, а дополнително, ДПИ изрече и 45 решенија и 43 платени налози по материјалните закони. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалаена Филиповска Грашкоска, посочи дека по две недели откако инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања, контролите покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави.  

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалаена Филиповска Грашкоска:

„Почитувани граѓани, Почитувани новинари,
Почитувани директори на инспекциските служби,

Изминатиов период за жал, сме сведоци дека пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, уште повеќе го зголемува  својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новозаболени лица. Се наоѓаме пред најтешкиот период од справувањето со вирусот, и период во којшто сите подеднакво треба да покажеме општествена одговорност преку почитување на мерките и протоколите, а се со цел да го спречиме ширење на вирусот и да ја надминеме оваа здравствена криза.

Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на уредбите, одлуките и мерките на Владата за спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид-19. Овие служби деноноќно работата со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период.  Но, во целиот процес потребна е поддршка и помош од секој граѓанин преку почитување на мерките, и од стопанствениците преку почитување на здравствените протоколи и законите. Оваа поддршка ни е потребна повеќе од било кога во изминатите осум месеци. На денешната редовна прес-конференција ќе ги презентираме податоците од спроведените контроли и надзори на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства. Податоците се за периодот од 2 ноември заклучно 8 ноември. Во овој период од страна на сите овие инспекциски служби се извршени вкупно 5.503 контроли (од кои 1.760 се надзори).Поединечно, во периодот од 2-ри до 8-ми ноември, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.743 контроли и  614 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност,  и Законот за заштита од пушењето и др. При тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести затворен е 1 објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти (неносење на заштитна маска) и поднесени  се 26 прекршочни пријави, од кои 1 е за непочитување на КОВИД протоколот и 25 прекршочни пријави поради прекршување на материјалните закони . Поднесени се и 2 кривични [m1] пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, а дополнително, ДПИ изрече и 45 решенија и 43 платени налози по материјалните закони.

Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период изврши 67 надзори, при што се изречени 6 решенија поради констатирани неправилности, а дополнително здравствените инспектори во овој период  издадоа и 11.523 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и на лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид-19. Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 597  надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори , од страна на трудовите инспектори донесени се 24 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи ( рок на исплата на плати, минимална плата, додатоци на плата). Контролите на овој инспекторат во однос на протоколите се однесуваат на одржување на дозволено растојание, станици за хигиена, дезинфекција и друго. Во периодот од 2-ри  до 8-ми ноември Инспекторат за транспорт изврши 58 надзори . при тоа, за непочитување на материјалните закони изречени се: 12-прекршочни пријави и 9- решенија и 3 издадени патни налози. Ви истиот период,  МАЛМЕД има спроведено 37 надзори во аптеки во целата држава. Надзорите се извршени по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона вирус и издавање на антибиотици. При тоа не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 385 надзори, издадени се 11 решенија, 5 платни налози и споредени се 14 едукации. Инспекторите на АХВ констатирале  недостатоци за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки,нерегистриран објект и небезбеден производ.

Почитувани,

Речиси две недели инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања. Контролите на инспекциските служби покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави, но факт е дека одредени субјекти повторно не ги почитуваат протоколите. Нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје. Почитувањето на протоколите е неопходно во справувањето со оваа здравствена криза и за функционирање на системот. Мора да прифатиме и да разбереме дека оваа состојба ќе потрае, но доколку сите заеднички ги почитуваме мерките и протоколите, ќе придонесеме за успорување на  ширењето на вирусот и  за запирање на пандемијата . Инспекциските служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет, и нема да има толеранција за прекршителите на здравствените протоколи!“.