„Обврска на граѓаните е да го прифатат и да учествуваат во пописот и податоците ќе кажат колку сме“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ канал 5 на прашањето за пописот, и додаде никој не може и не треба да си „прави филмови“ дека толку ќе биле Албанците, толку ќе бидат Македонците или Турците.
„Ќе бидеме толку колку што сме во државата и тоа е најважниот податок. Јас разговарав со првиот потпретседател на владата Артан Груби и му пренесов дека кога ќе оди во Албанија да се сретне со нашиот пратеник Македонец во албанскиот парламент и со другите граѓани што можат да бидат опфатени со пописот затоа што ние им служиме на сите, како што сум јас премиер на сите, така и првиот потпретседател на Владата е на сите и министерот за надворешни работи Бујар Османи е министер на сите. Разговарав со вицепремиерот и тој се согласи дека оставил таков впечаток и дека ќе го промени тоа и навистина го променија“, рече премиерот Заев.