Владата на Република Северна Македонија ја дава следнава:
ИСПРАВКА
на Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.
Владата на Република Северна Македонија на ден 22.04.2021 година во дневните весници „Нова Македонија“ „Вечер“ и „Коха“, објави Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.
Заради појаснување на текстот на Јавниот повик во делот на правните субјекти кои можат да се пријават за оваа економска мерка, се врши исправка во точка 2 и наместо зборовите:
„02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др. Листа на шифри и дејности со кои се регистрирани правните субјекти кои можат да аплицираат: 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40.“
треба да стои:
"02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: На повикот можат да се пријават правни субјекти согласно Закон за трговски друштва, регистрирани според следниве шифри и дејности (се однесува на оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др.): 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40."
Повикот со исправката можете да го најдете на следниот линк: https://vlada.mk/povik-event-industrija