Премиерот на кралството Шпанија, Педро Санчез, попладнево по состанокот со премиерот Зоран Заев упати видео порака до сите граѓани на Република Северна Македонија чие обраќање интегрално ви го пренесуваме:
„Само што ја завршив средбата со премиерот на Република Северна Македонија со мојот пријател Зоран Заев и пред сè би сакал да кажам дека состанокот беше многу плоден, дека и двајцата како претседатели на нашите влади, сме посветени на зајакнување на билатералната соработка, економското закрепнување и политичките односи меѓу двете земји.
Премиерот, но исто така и сите граѓани на Република Северна Македонија, треба да знаат дека Шпанија е земја која е цврсто посветена на влезот на нивната земја во Европската Унија.
Ние го поздравуваме нивното членство во НАТО и секогаш ќе го поддржуваме влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија.
И, исто така, би сакал да му оддадам почит на Зоран како личност, на мојот пријател Зоран, на неговата младост, но и на неговото раководство.
Тоа е реформско раководство, кое е во корист на граѓаните на Северна Македонија, кое што несомнено претставува важен скок напред во сетот реформи кои што се спроведуваат и се од корист за нејзиниот (Северна Македонија) влез во Европската Унија. Следствено тој може да смета на поддршката на Шпанија, се надевам дека наскоро, порано отколку подоцна, во Европската Унија.
Исто така нема сомнение дека тие можат да сметаат на целата наша волја и помош за соработка од политички аспект, но и од економска гледна точка во однос на шпанските инвестиции во Република Северна Македонија следните години.“