„Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети”, изјави во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, посочувајќи дека при неодамнешната посета на Грција и средбите со неодамнешното раководство во фокусот на средбите биле поддршката на странските инвеститори и проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата.
Притоа тој ги спомена нашата инвестиција во терминал за течен гас во Александропули, гасната централа 400 милиони евра, 370 милиони евра вреден гасниот терминал, како главни геостратегиски приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените инвестиции и гасоводниот систем кој е важен за Северна Македонија како главна транзитна точка за гасот од Грција, Северна Македонија, Србија, Косово и оди кон Западна Европа, со што, како што беше нагласено, ќе се надмине монополот во областа на снабдување со гас.
„Сето ова влијае на намалување на цената на гасот, на стабилизирање на цената на електричната енергија, но и на потрошувачката, екологијата дома, заменувањето на фосилните горива. Огромни се проектите кои се развиваат со соседна Грција и тоа во сите области, треба да знаат граѓаните дека веќе развиваме програми во кои создаваме Фонд за обновливи извори на енергија и следуваат сериозни предизвици за да го намалиме влијанието на климатските промени“, посочи премиерот Заев во денешното утринско интервју, оценувајќи дека во сферата на енергетската транзиција Северна Македонија е понапред од повеќе европски земји во постапките за затворањето на централите кои работат на јаглен.