Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 72-ра седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на седницата, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за извршeни преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање помеѓу амбасадата на Република Словачка во Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија за трансфер на знаења за дигитализација на јавната администрација во земјите на Западен Балкан, поднесена од Министерството за информатичко општество и администрација.
Министрите на седницата ќе ја разгледуваат и Информацијата за потпишување на Заедничката декларација од страна на Република Северна Македонија за имплементација на Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, изготвена од Министерството за образование и наука.