Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи редовната 88-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На денешната седница, меѓу другото, ќе биде разгледана информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на непрописните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот Регион, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерството за труд и социјална политика за оваа седница ја предложи точката Информација во врска со Предлог на стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, со Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026.
За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.