Во врска со информациите во медиумите за правата на поранешните премиери, Владата на Северна Македонија ја известува јавноста дека постапува исклучиво согласно обврските кои произлегуваат од Законот за влада.
Имено, со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат.
Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на било кој поранешен премиер или на било кој друг функционер да подарува возила.