Министерот за економија и труд Дурмиши на средба со Генералниот директор на МОТ

Министерот за економија и труд оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), г-динот Жилбер Хоунгбо, на која се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Северна Македонија и МОТ.

Министерот информираше за тековните реформи во областа на трудот, меѓу кои е и подготовката на пет нови закони, започнувањето на нов проект за унапредување на безбедноста и здравјето при работа, продолжувањето на активностите поврзани со Гаранцијата за млади, како и напредокот во функционирањето на Економско-социјалниот совет.

Беше истакната и посветеноста на државата на имплементацијата на Конвенцијата 190 на МОТ, како и на клучни приоритети како што се: трудовата миграција, родовата еднаквост, платформската работа, зелените работни места и поддршката за малите и средни претпријатија.