Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Горан Садикаријо, главен извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Средбата е реализирана во пресрет на одбележувањето на 79-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што од утре, 10. март, до 14. март, го организираат Еврејската заедница во земјава и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
На состанокот е разговарано и за тековни прашања од значење за еврејската заедница во нашата држава, како и за активностите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
При тоа е истакната важноста на поддршката од Владата на Република Северна Македонија на граѓаните од еврејската заедница, преку значајните политики на рамноправно почитување на сите етнички заедници кои живеат во земјава, низ коишто државата се гради во едно и еднакво едно општество за сите граѓани.