Денес преку иницијатива на федерациите за пинг-понг на Република Северна Македонија и Република Косово, а со поддршка на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, советничката за спорт Силвија Митевска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски се одбележа Меѓународниот ден на пинг-понг и Меѓународниот ден на спортот за мир и развој, испраќајќи заедничка порака дека спортот има моќ да инспирира, мобилизира и зближува луѓе од повеќе заедници, притоа придонесувајќи кон градење на прогресивно и инклузивно општество за сите.
Спортот преставува алатка за постигнување на подобар социјален и економски развој и има значајна улога при исполнување на целите за одржлив развој, особено кон целите на здравството, образованието, родовата еднаквост, промовирање на одржлив и економски развој и креирање на праведни и инклузивни општества.
Токму и поради својата универзалност, Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2013та година усвои Резолуција со која 6ти Април го прогласи за Меѓународен ден на спортот за развој и мир.
На овој настан присуствуваше и Даулина Османи, заменик министерката на Министерството за култура, млади и спорт на Косово.
Денешната иницијатива ја потврди и уште еднаш ја афирмира одличната соработка и партнерство помеѓу двете земји која во следниот период ќе се интензивира и на институционално ниво.