Централната лабораторија за животна средина ја прошири акредитацијата со 5 нови методи

Централната лабораторија за животна средина при МЖСПП ја прошири акредитацијата со добивање сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри со кои се определува квалитетот на отпадните води. Ново добиените акредитации опфаќаат тестирање на отпадни води за количеството на амониум јони, сулфати, хлорид, вкупен фосфор  и фосфати.

Со тоа бројот на кредитираните методи се зголеми на 12 методи, што главно се однесуваат на отпадните води, а еден е за мерење на бучава. 

Во однос на методите за квалитет на воздухот, од Централната лабораторија информираат дека веќе е набавен инструментот хориба за мерење на емисии на гасови од стационирани извори, а во тек е процедура за екипирање и обучување на кадар за ракување со инструментот,  по што ќе се пристапи кон акредитирање и на методи за емисија на гасови од стационирани извори.