Ковачевски: Честитки и благодарност до пратениците кои гласаа за европска иднина на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог.

„Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа  демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата.

Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!”, стои во објавата на ФБ профилот на премиерот Ковачевски.