Оваа година 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше заокружена со успешен „Мировен фестивал“ на плоштадот “Скендербег” во Скопје.
Во оваа прилика изразувам благодарност до сите илјадници присутни кои беа заедно со уметниците кои вчера вечер настапија.
Пред прославата синоќа во Скопје, во Тетово го отворивме камен-темелникот на супер инвестицијата од 130 милиони евра која ќе отвори 900 нови работни места од компанијата “e.Go Mobile”, исполнувајќи го ветувањето дадено пред една година за развој, инфраструктурни проекти, инвестиции , нови работни места, подобар стандард и квалитет на живот.
Во контекст на одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв пат оваа година ја организираше Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ преку која младите учесници имаа можност за стекнување на нови знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата.
Во оваа прилика изразуваме посебна благодарност до сите учесници кои беа повеќе од 90 на број, како и на предавачите: проф. д-р Лидија Георгиева, проф. др. Гордан Георгиев, Џелал Хоџиќ, Роберт Алаѓозовски, проф. др. Јусуф Зејнели, проф. др. Ризван Сулејмани, доц. д-р Ведије Раткоцери, Џабир Дерала и поранешниот албански амбасадор, Арбен Чејку.
Целта на Школата за млади лидери беше стекнување на нови знаења и подобрување на лидерските вештини за нови можности и придонес во иднината, во позитивниот развој на општеството, спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи , управување со конфликти, градење мир, социјална кохезија, консензуална демократија, интеграција, градење мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграција на граѓаните во јавниот, општествениот, економскиот и културниот живот беа дел од предавањата во рамките на Школата за млади лидери.
Се гледаме следната година, благодарам!