Министерството за правда, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година.
Со цел рационално користење и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките , да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.
Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да ги користиме рационално и да бидеме солидарни .Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите. Енергетската ефикасност ,односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање. Министерството за правда и во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.