Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза ќе биде исплатена по објавување на списоците на корисници за финансиска поддршка на 5 јануари 2023 година.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика ќе бидат објавени: корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, на надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош.
Списоците на другите категории на граѓани и датумот кога ќе бидат исплатени средствата кои се опфатени со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза и, согласно член 5 од Законот ги објавуваат:
- Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
- Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за категориите: корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.