Изминатото деноноќие произведени 17.115 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 30.12.2022 година произведe 17.115 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 11.095 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.020 MWh.
 
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.  

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 30.12.2022 година.