ИСПРАВКА на Јавен оглас бр.06/2023 за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата  за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
10.05.2023

Владата на Република Северна Македонија ја дава следнава:

ИСПРАВКА
на Јавен оглас бр.06/2023 за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата  за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија на ден 26.4.2023 година во дневните весници „Слободен печат“ „Вечер“ и „Коха“, објави Јавен оглас бр.06/2023 за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата  за хартии од вредност на Република Северна Македонија. По срамнување на текстот на Јавниот оглас и Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија “ бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020 и 288/2021), направена е техничка грешка, така што точка 8) алинеја 10 и 11 и точка 9 подточка 12 и 13, се бришат.

Оваа исправка има правно дејство од денот на објавување на јавниот оглас во дневните весници, односно од 26.4.2023 година.