Јавен повик бр.13/2023 за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија
Врз основа на член 18 од Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.13/2023
за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија
1) Владата на Република Северна Македонија ќе избере директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, со право на реизбор.
2) За директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- работно искуство е предност;
- познавање на англиски јазик и
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
3) За директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија може да бидe избрано лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од јавниот повик треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1. Пријава по јавен повик,
2. Кратка биографија,
3. Мотивациско писмо,
4. План и програма за идна работа,
5. Уверение за државјанство,
6. Доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
7. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
8. Доказ за работно искуство (Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на РСМ или Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија),
9. Уверение за познавање на англиски јазик и
10. Уверение/потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
5) Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен повик за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија “.
6) Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7) Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
8) Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022 и 78/2023).
9) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (5) пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат.
10) Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
11) Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.