Доделени 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава

Владата на Република Северна Македонија на 178та седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.

Денес, Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, м-р Методија Димовски, со особена чест и задоволство, во име на Владата на Република Северна Македонија, се сретна и официјално ги предаде таблет компјутерите на претставници на институциите за кои се наменети.
Со оваа донација се помага на социјално ранливите лица од различни возрасни групи да им се отвори вратата кон дигиталниот свет. 

Станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални услуги, меѓу кои: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје; Дневни центри за поддршка на лица со интелектуална попреченост, раководени од страна на Републичка Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје; Мал групен дом во Кавадарци, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кавадарци; Центар за загрижувачки семејства во Битола, раководен од страна на ЈУ Мајчин дом во Битола; Дневен центар за Даунов синдром во Скопје, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје; Дневен центар за лица со попреченост, раководени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица; Дневен центар за лица со попреченост, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Куманово; Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари, раководен од страна на граѓанска организација Здружение за заштита на правата на детето – Скопје; Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ во Скопје и други.