На ЕСС презентиран Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори

На денешната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се дискутираше за Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како единствена тока на дневниот ред на денешната седница на ЕСС, беше презентиран од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, по што се отвори дискусија од страна на присутните членови на Економско- социјалниот совет, како и пред не репрезентативните синдикати, кои се поканети и присуствуваат на сите седници на ЕСС.

Планот е составен од три дела: Мерки и програми за намалување на расходите, Мерки и препораки за подобрување на наплатата на буџетските приходи и  Мерки и препораки за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост.

Министерот истакна  дека фискалната консолидација значи конкретни политики насочени кон намалување на буџетскиот дефицит и долгот. Kога се говори за план за фискална консолидација, се мисли на мерки за намалување јазот помеѓу приходите и расходите, преку кратење на расходите и/или зголемување на наплатата на приходите.

По разгледување на Планот на Економско социјалниот совет, предлогот ќе биде даден на Владата на усвојување.